S-Work No.56 56 | Page 8

сточна
Сексуалните работници , нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа

Ми рекоа да се дружам со „ нормални “ и ќе ми помине

Првата перика ја купив на 11 години . На 17 години дома кажав дека сакам мажи . Мајка ми и татко ми го прифатија изборот , а оттогаш со брат ми не комуницирам . Тогаш се преселив и живеам во стан самa . На тие години не знаев дека сум трансродово лице . Мислев дека сум геј , иако никогаш не сум бил во врска со геј мажи , туку само со стрејт . Немаше кој да ми каже , ниту пак со кого да разговарам за ова . Мислев дека постојат само геј и лезбејки , но не и трансродови лица . Подоцна , кога се појавија невладини организации кои се занимаваат со вакви прашања , почнав да истражувам . Имав 23 години .
Дури на 27 години го осознав сопствениот полов идентитет . Сфатив дека се чувствувам како жена и дека сакам така да ме третираат . Ми требаа десетина години за да се охрабрам да излезам од плакарот во кој емотивно бев заклучен . Сега имам 33 години , можам да кажам дека економски сум ситуирана , имам стан , работа и сум во нова фаза за која моите не знаат - примам хормонска терапија за промена на полот . Но , тоа не е воопшто едноставно .
Целиот процес на трансформација е со пречки . Првата бариера се психијатрите и психолозите . Тие треба да дадат мислење за да се утврди дијагноза за мојата родова и полова состојба . Разговорите со нив завршуваа со небулозни совети : „ Почни да се дружиш со нормални , не со геј и трансродови лица . Почни да работиш , не мисли на тоа и ќе ти помине “. Во здравствениот систем во Македонија нашата состојба е болест , родова дисфорија ( пореметување на родовиот идентитет ), иако постојат земји каде ваквата состојба не се смета за болест .
Кога решив да примам терапија , немав кому да се обратам . имав среќа што случајно наидов на докторка , една од петтемина во земјава кои имаат лична желба да се усовршуваат во оваа област . Таа е ендокринолог и ми препиша терапија за зголемување на женските , а намалување на машките хормони . Веќе почнаа да ми растат гради , а чувствувам дека сум помалку влакнеста . Терапијата треба да ја земам најмалку една година , а чини многу пари . Лековите ги купувам приватно и чинат околу 2.000 денари месечно , без прегледите на доктор .
Телото „ созрева “ за промена на полот дури по неколкугодишна терапија . Но , кај нас не може да се направи затоа што нема доктори кои може да го изведат тоа . Затоа , многумина од Македонија одат во Белград . Ваквата операција за српските држававјани е 1.000 евра , а за нас странците – 8.000 . Одат и во Тајланд – таму е од 4.000 до 5.000 долари .
Следниот шок е промената на половиот идентитет во личните документи . Во личната карта фигурирам како жена , со ново име и презиме . Но , според единствениот матичен број сум маж . И тоа не можам да го сменам .
Не сакам да бегам од сопствената држава . Би заминала само поради сопствената слобода , иако не би можел / а да ја оставам мајка ми . Многу од трансродовите лица кои ги познавам веќе се иселија во Белгија . Добија азил и 900 евра социјална помош . Одат на курсеви , го учат јазикот , а потоа може да побараат вработување . Но , велат дека и таму не тече мед и млеко .
Тука не се чувствувам слободна . Преку ден не излегувам како жена од дома , се плашам од насилство . Ноќе е поинаку . Најчесто се дружам со стрејт и геј , но не со трансродови . Но , поинаку ќе биде кога ќе имам гради и долга коса . Ќе се опуштам повеќе , ќе имам поголема самодоверба и ќе бидам жена . И дење и ноќе .
Автор : Јорданка Ивановска Фотографија : Томислав Георгиев
Сторијата е изработена од Институтот за комуникациски студии
8