Мирјана Бурник , Битола
Лажат сестро , со лаги не гушат се пред себе безмилосно рушат , ниту милост , ниту срам имаат што можат со две раце земаат . Не отруја со зборови лажни , останавме и неми и тажни . Дечината се голи и гладни а што скривиле , пак тие јадни нема пари сестро , ниту за лек се живее бедно , се ’ е на почек .
Мирјана Бурник е родена во Битола . Дипломирала на Правниот факултет во Скопје . Првата нејзина збирка песни ја доби како Подарок , објавена во Битола . Во нејзината втора стихозбирка со наслов Прозорец кон душата , објавена во Битола , се појавуваат извонредно добри поетски приказни за кои не може со сигурност да се каже оваа е прва , а оваа е десетта . Во 2012 . година ја издава трета стихозбирка Рането срце .
57