OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 97

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 95 Б.3.3 Утврдување на нето-добивката 2.77 При утврдувањето на показателот за нето-добивка за примена на методот на трансакциска нето-маржа треба да се земат предвид ставките кои (a) директно или индиректно се однесуваат на конкретната контролирана трансакција и што (б) се од оперативна природа. 2.78 Трошоците и приходите што не се поврзани со контролираната трансакција што е предмет на анализа треба да се исклучат онаму каде што истите имаат материјално влијание врз споредливоста со неконтролираната трансакција. Потребно е сегментирање на финансиските податоци на даночниот обврзник кога се утврдува или се тестира нето-добивката што тој ја остварува од контролираната трансакција (или од трансакциите што се соодветно агрегирани во согласност со параграф 3.9 до 3.12). Токму затоа, кога друштвото се занимава со различни контролирани трансакции што не можат соодветно да се споредуваат врз агрегирана основа со трансакциите на независно претпријатие, не е соодветно да се примени методот на трансакциска нето-маржа на ниво на целото друштво. 2.79 Кога се анализираат трансакциите меѓу независните претпри­ јатија до онаа мера до која тоа е потребно, од споредбата треба да се исклучи добивката што се припишува на трансакции кои не се слични со контролираните трансакции што се анализираат. Кога се користат показатели за нето-добивка на независно претпријатие, добивката која им се припишува на трансакциите на независното претпријатие не смее да биде под влијание на контролираните трансакции на истото тоа претпријатие. Да се погледне параграф 3.9 до 3.12 за оценка на посебните и на комбинираните трансакции на даночниот обврзник, како и параграф 3.37 за примена на податоци во врска со трета страна што не е учесник во трансакцијата. 2.80 Ставките што не се оперативни, како на пример приходите и расходите по основ на камати и даноци на добивка, треба да се исклучат при утврдувањето на показателот за нето-добивка. Обично треба да се исклучат и вонредни ставки што не се повторуваат. Меѓутоа, можно да има ситуации во кои е соодветно истите да се вклучат, зависно од околностите на конкретниот случај, функциите што тестираната страна ги спроведува и од ризиците што таа ги презема. Дури и во случаите кога вонредните ставки не се земаат предвид при утврдувањето на показателот за нетодобивка, понекогаш е полезно тие да се анализираат бидејќи можат да понудат вредни информации за потребите на анализата на споредливост (на пример, така што ќе покажат дека тестираната страна презема одреден конкретен ризик). ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ