OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 94

92 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ односно постојат различни фактори освен производите и функциите, кои значително можат да влијаат врз показателите на нето-добивка. 2.70 Примената на показателите за нето-добивка може да доведе до поголема варијабилност при утврдувањето на трансферните цени, и тоа од две причини. Прво, показателите на нето-добивката можат да бидат под влијание на фактори кои немаат ефект (или кои имаат помалку значаен односно помалку директен ефект) врз бруто-маржите и цените поради потенцијалните разлики во оперативните трошоци меѓу претпријатијата. Второ, показателите на нето-добивката можат да бидат под влијание на истите фактори што можат да влијаат врз бруто-маржата и цената, како на пример конкурентската позиција, но ефектот од овие фактори не може лесно да се елиминира. Кај традиционалните трансакциски методи, ефектот од овие фактори може да се елиминира како природна последица од инсистирањето на поголема сличност во поглед на производите и на функциите. Зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, а особено зависно од ефектот од функционалните разлики врз структурата на трошоците и врз приходите на потенцијалните споредливи претпријатија, показателите за нето-добивката можат да бидат помалку чувствителни одошто бруто-маржите во однос на разликите кај степенот и кај комплексноста на функциите и во однос на разликите во поглед на нивото на ризици (со претпоставка дека постои договорна поделба на ризиците во согласност со принципот „дофат на рака“). Од друга страна, зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, а особено зависно од учеството на фиксните и на варијабилните трошоци, методот на трансакциска нето-маржа може да биде почувствителен во однос на разликите во искористеноста на капацитетите одошто методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка или методот на трговски цени. Поконкретно, разликите во нивоата на апсорпција на индиректните фиксни трошоци (на пример, фиксните трошоци за производство или фиксните трошоци за дистрибуција) можат 4-4,4,