OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 74

72 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ дека контролираната и неконтролираната трансакција се вршат речиси истовремено, во иста фаза од синџирот на производство/дистрибуција и во слични услови. Доколку единствената расположлива неконтролирана трансакција се однесува на небрендирано бразилско кафе во зрно, би било соодветно да се постави прашањето дали разликите меѓу видовите на кафе во зрно имаат материјален ефект врз цената. На пример, треба да се утврди дали потеклото на кафето во зрно налага премија или дисконт на цената на слободниот пазар. До овие информации може да се дојде од берзите на производи или истите можат да се изведат од продажните цени на дилерите на кафе. Доколку оваа разлика сепак има материјален ефект врз цената, пожелно би било да се извршат одредени приспособувања. Доколку не може да се изведе прецизно приспособување, тоа ја намалува веродостојноста на методот на СНЦ, при што ќе се наметне потребата да се избере помалку директен метод. 2.19 Пример за ситуација во која е можно да бидат неопходни приспособу­ ања е онаму каде што околностите на контролираната и в на неконтролираната продажба се идентични, со исклучок на фактот дека контролираната продажна цена ги вклучува и трошоците на испорака, додека кај неконтролираната продажба таа цена е на товар на купувачот (испорака франко фабрика). Разликите во однос на условите на транспортот и осигурувањето имаат ефект врз цената кој е конечен и о