OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 63

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 61 согласност со принципот „дофат на рака“, освен доколку може да се очекува дека независните претпријатија би ги определиле цените на споредлив начин. Г.4 Ефектот од владините политики 1.73 Постојат околности во кои даночниот обврзник смета дека цената „дофат на рака“ мора да се приспособи со цел да се земат предвид државните интервенции, како на пример: ценовните контроли (дури и намалувањето на цените), контрола на каматните стапки, контрола на плаќањата за услуги или надоместоци за управување, контрола на плаќањето авторски надоместоци, субвенции за конкретни сектори, контрола на размената, антидампинг обврските или курсната политика. Како општо правило, овие интервенции би требало да се третираат како услови кои постојат на пазарот во конкретната земја и во нормални услови, истите се земаат предвид кога се оценуваат трансферните цени на даночниот обврзник на тој пазар. Имајќи ги предвид тие состојби, се поставува прашањето дали трансакциите што ги вршат поврзаните претпријатија се доследни со трансакциите меѓу независните претпријатија. 1.74 Важно прашање е како да се определи фазата во која одредена контрола на цените влијае врз цената на производот или на услугата. Често се случува директниот ефект да се почувствува врз крајната цена за потрошувачот, но можно е да постои влијание врз цените во претходните фази при пласирањето на производите на пазарот. Во практиката можно е МНП да не вршат никакви приспособувања на нивните трансферни цени со цел да се одразат овие контроли, при што товарот ќе се пренесе на крајниот продавач или пак МНП можат да определат цени со кои овој товар ќе се распредели меѓу крајниот продавач и посредникот. Треба да се оцени дали независниот добавувач би учествувал во трошоците настанати како последица од ценовните контроли и дали независното претпријатие би настојувало да оствари алтернативни производни линии и деловни можности. Малку е веројатно дека независно претпријатие би било подготвено да врши производство, дистрибуција или на некој друг начин да обезбедува производи или услуги во услови што не би му овозможиле остварување на добивка. Кога државата спроведува ценовни контроли мора да го има предвид фактот дека тие ценовни контроли ќе влијаат врз добивката што можат да ја остварат претпријатијата кои продаваат производи чии цени подлежат на тие контроли. 1.75 Посебен проблем настанува кога државата го спречува или го „блокира“ плаќањето на одреден износ што едно поврзано претпријатие му го должи на друго или што едно поврзано претпријатие би му го ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ