OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 48

46 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ 1.34 При оцена на условите на една потенцијална трансакција, независните претпријатија таа трансакција ја споредуваат со другите опции што реално им стојат на располагање, и во таа трансакција ќе се впуштат само доколку не согледаат некоја друга алтернатива која очигледно е поатрактивна. На пример, мала е веројатноста дека едно претпријатие ќе прифати цена што за неговиот производ му ја нуди независно претпријатие ако знае дека има потенцијални клиенти кои се подготвени да платат повеќе во слични околности. Оваа поента е релевантна за прашањето на споредливоста бидејќи независните претпријатија, генерално, предвид ги земаат сите економски релевантни разлики меѓу опциите што реално им стојат на располагање (на пример, разликите во нивото на ризик или други фактори на споредливоста за кои станува збор во натамошниот текст) кога ги оценуваат тие опции. Поради тоа, при вршењето споредби кои се дел од примената на принципот „дофат на рака“, даночните администрации треба да ги земат предвид и овие разлики кога утврдуваат дали постои споредливост меѓу ситуациите што се споредуваат во тој момент и кои приспособувања можеби ќе бидат неопходни за да се постигне споредливост. 1.35 Сите методи со кои се применува принципот „дофат на рака“ можат да се поврзат со концептот според кој независните претпријатија ги разгледуваат опциите кои им стојат на располагање и кога споредуваат една опција со друга, ги анализираат сите разлики меѓу опциите што би можеле да имаат позначајно влијание врз нивната вредност. На пример, пред да купат одреден производ по дадена цена, од независните претпријатија обично би се очекувало да анализираат дали истиот производ би можеле да го купат од некоја друга страна, по инаку споредливи услови, меѓутоа по пониска цена. Поради тоа, како што станува збор во Поглавје II, Дел II, со методот на споредлива неконтролирана цена, една контролирана трансакција се споредува со слична неконтролирана трансакција за да се добие директна процена за цената околу која страните би се согласиле доколку директно одлучиле да прифатат одредена пазарна алтернатива на контролираната трансакција. Меѓутоа, методот станува не толку сигурна замена за трансакциит