OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 428

426 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ 75. Доколку даночните администрации утврдат дека не било исполнето одредено барање од ПЦС ПЗД, тие сепак можат да се согласат, врз основа на општите и на посебните услови од таа ПЦС, да продолжат да ја применуваат, на пример, кога нема суштинска последица од непостапувањето. Доколку даночните администрации вклучени во процесот не се договорат и натаму да продолжат да ја применуваат ПЦС ПЗД, даночната администрација може да се одлучи за некоја од трите опции. Природата на постапувањето во оваа смисла обично зависи од тоа колку е сериозно непочитувањето на одредбите. 76. Најдрастичното постапување е отповикувањето каде што, како последица, даночниот обврзник се третира како никогаш да не била склучена ПЦС ПЗД. Помалку сериозно дејство е поништувањето, што значи дека даночниот обврзник се третира како ПЦС ПЗД да имала правна сила и да важела, но само до датата на поништувањето, а не во текот на целиот предложен период на валидност на самата спогодба. BSB