OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 418

416 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ и за даночните органи, значително се намалува доколку не се постигне согласност околу ПЦС ПЗД сè до моментот кога речиси истекува рокот што се предлага да биде опфатен во барањето од страна на даночниот обврзник. Со ваквото доцнење може да биде отежнато избегнувањето на примената на ретроактивно согледување кога се оценува предлогот бидејќи резултатите од примената на методологијата се познати во текот на речиси целиот период предложен со ПЦС ПЗД. Разбирливо, со оглед на почетната фаза во развојот на процесот на ПЦС ПЗД, досега не се постигнувало брзо решавање. Се разбира, до извесна мера, неизбежно е да дојде до одредено доцнење во однос на самиот процес; ПЦС ПЗД имаат тенденција да се бават со големи даночни обврзници, со комплексни модели на факти, како и со комплексни правни и економски прашања, а за сето тоа да се разбере и да се оцени, потребни се време и ресурси. 53. На даночните органи им се советува, секогаш кога тоа е можно, да распределат доволно ресурси и обучен персонал во овој процес со цел да се овозможи брзо и ефикасно решавање на предметите. Некои даночни органи можат да ја подобрат ефикасноста на ПЦС ПЗД, така што ќе постават неформални цели во периодот што е потребен за процесот да се заврши и ќе го објават просечниот рок кој е потребен за завршување на процесот. Некои држави договорнички во договорите за избегнување на двојното одданочување можат да се согласат да постават неформални цели за завршување на нивните билатерални преговори. Со оглед на тоа што фактите честопати можат да бидат комплексни, и имајќи предвид дека ваквите аранжмани се релативно нови и може да се јави евентуална потреба од превод, во оваа фаза не се смета за пожелно да се утврдуваат поконкретни или обврзувачки цели за склучување ПЦС ПЗД. Сепак, ќе биде соодветно во иднина да се утврдат поконкретни цели во периодот потребен за завршување на процесот, откако ќе се стекнат поголеми искуства во однос на процесот на склучување ПЦС ПЗД. 54. Откако даночните администрации ќе го добијат предлогот од даночниот обврзник, ќе треба меѓусебно да се договорат околу координирањето на анализата, процената и на преговорите околу ПЦС ПЗД. Процесот поврзан со вакви спогодби може практично да се подели на две главни фази; а) изнаоѓање, анализирање и оценување факти, и б) разговори меѓу надлежните органи; за секоја од овие две фази подетално се дискутира во натамошниот текст. Г.2 Изнаоѓање, анализирање и оценување факти Г.2.1 Општо 55. При разгледувањето на предлогот за ПЦС ПЗД, даночните администрации можат да ги преземат сите чекори што ги сметаат за ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ