OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 399

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 397 прашања што се покренуваат во рамките на член 7 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД, а во врска со проблемите поврзани со алокација, постојаните деловни единици и со работењето на подружниците“. 5. Во текстот на „Насоките“ (да се погледне параграф 4.129), аранжманите склучени исклучиво меѓу даночен обврзник односно даночни обврзници и една даночна администрација се нарекуваат „унилатерални ПЦС“. Во „Насоките“ се поттикнуваат билатералните ПЦС и, во параграф 4.162, се препорачува следново: „Секогаш кога тоа е можно, ПЦС треба да се склучува врз билатерална или врз мултилатерална основа меѓу надлежните органи, низ постапка за заемно договарање во рамките на релевантниот договор за избегнување на двојното оданочување“. Билатерална ПЦС се темели врз само заемен договор меѓу надлежните органи на две даночни управи во рамките на релевантниот договор за избегнување на двојното оданочување. Мултилатерална ПЦС е поим што се користи за опис на ситуација во која постои повеќе од еден билатерален договор. 6. Иако ПЦС многу често опфаќа прекугранични трансакции каде што се вклучени повеќе од еден даночен обврзник и правно лице, на пример, меѓу членки од конкретна ГМНП, можно е ПЦС да важи само за еден даночен обврзник и правно лице. Да земеме за пример претпријатие од земјата А кое тргува преку подружници во земјите Б, В и Г. За да се знае со сигурност дека нема да дојде до двојно оданочување, земјите А, Б, В и Г ќе мораат заеднички да се договорат околу определувањето на добивката што треба да се припише до секоја јурисдикција одделно во однос на таа трговска дејност, во согласност со член 7 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД. Ова може да се постигне низ преговори на повеќе посебни, но меѓусебно доследни, билатерални заемни договори, на пример меѓу земјата А и земјата Б, меѓу земјата А и земјата В и меѓу земјата А и земјата Г. Постоењето поголем број билатерални заемни договори покренува неколку посебни прашања за кои натамошна дискусија следува во Делот Б, параграф 21-27 од овој анекс. 7. Битно е да се прави разлика меѓу различните видови ПЦС, па така, билатералните или мултилатералните ПЦС, што се предмет на овој анекс, во натамошниот текст се нарекуваат „ПЦС ПЗД“. ПЦС кои не вклучуваат пр