OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 393

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ III: ПРИМЕР ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА РАБОТЕН КАПИТАЛ – 391 на паричните средства меѓу тестираната страна и потенцијалните споредливи претпријатија, со претпоставка дека таа разлика треба да се одрази на добивката. Ова се заснова на следново: • На претпријатието ќе му биде потребно финансирање за да го покрие временскиот јаз меѓу моментот во кој инвестира парични средства (односно, кога му исплаќа парични средства на добавувачот) и моментот кога ја наплатува инвестицијата (односно моментот кога наплатува парични средства од купувачите). • 6. Овој временски јаз се пресметува како периодот кој е потребен за продажба на залихите на купувачите, плус периодот што е потребен да се наплатат парични средства од купувачите, при што се одзема рокот одобрен за плаќање кон добавувачите. Процес на пресметка на приспособувања на работен капитал: а) Се идентификуваат разликите во однос на нивоата на работен капитал. Обично, трите салда што се анализираат се: побарувањата од купувачи, залихите и обврски кон добавувачи. Методот на трансакциска нето-маржа се применува во однос на соодветна основа, на пример, трошоци, продажба или средства (да се погледне параграф 2.58 од „Насоките“). Доколку соодветната основа е, на пример, продажбата, сите разлики во однос на нивоата на работен капитал треба да се пресметуваат во однос на продажбата. б) Се пресметува вредноста за разликите кај нивоата на работен капитал меѓу тестираната страна и споредливото претпријатие во однос на соодветната основа и како одраз на временската вредност на паричните средства преку примена на соодветна каматна стапка. в) Резултатот се приспособува за да се одразат разликите кај нивоата на работен капитал. Во примерот што следува, се приспособува резултатот на споредливото претпријатие за да се одразат нивоата на работен капитал кај тестираната страна. Како алтернативна пресметка, можат да се приспособуваат резултатите на тестираната страна за да се одразат нивоата на работен капитал кај споредливите претпријатија или за да се приспособуваат резултатите на тестираната страна и на споредливото претпријатие со цел да се одрази „нулто ниво“ на работен капитал. Практичен пример за пресметка на приспособувања на работен капитал: 7. Следнава пресметка е хипотетичка. Целта е само да се демонстрира на кој начин може да се пресмета приспособувањето на работен капитал. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ