OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 367

АНЕКС: МОНИТОРИНГ НА ПРИМЕНАТА – 365 на анализа. Во извештајот се опфаќа правната основа за справување со аспектите во делот на трансферните цени, насоките за практичното спроведување на правилата на секоја одделна земја, пристапот што најчесто се користи за решавање на одреден комплексен проблем во делот на примената на трансферните цени, административните аранжмани за справување со случаите поврзани со трансферните цени, принципите во врска со практиката на повикување на претходни судски одлуки, како и искуствата со собирањето податоци и со документирањето од страна на даночните обврзници. Во извештајот треба да се опишат и искуствата со административните пристапи за избегнување и за решавање на споровите во делот на трансферните цени (на пример, постапката за заемно договарање, ПЦС и поедноставените даночни режими). 8. Меѓусебните анализи и натаму ќе се спроведуваат, и тоа на три различни нивоа: 1. Првото ниво би било „анализа на проблемот“, каде што ќе се разгледуваат пристапите што ги применуваат сите земји-членки во однос на конкретно значајно прашање со ш B