OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 344

342 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА локациските заштеди „дофат на рака:“ до зависното претпријатие во земјата Y, до претпријатието во земјата X, или до обете (и, ако е до обете, во кој сразмер). 9.153 Во овој пример, можно е да постои голема побарувачка за конкретниот вид услуги на инженеринг, а зависното претпријатие во земјата Y да е единственото претпријатие кое е во состојба да ги обезбеди тие услуги со бараниот стандард на квалитет - така што, претпријатието во земјата X нема други опции што му стојат на располагање, освен да го користи овој давател на услуги. Можно е зависното претпријатието во земјата Y да има развиено вреден нематеријален имот кој кореспондира со нејзините технички стручни знаења. Овој нематеријален имот ќе треба да се земе предвид кога се определува надоместот во согласност со принципот „дофат на рака“ за услугите врз основа на договорот за подизведба. Во соодветни околности (на пример, доколку и двете страни – и претпријатието во земјата Х и неговото зависно претпријатието придонесуваат во трансакцијата на доволно вреден и уникатен начин,), може да се земе предвид примената на методот на поделба на трансакциска добивка. Ѓ. Пример: имплементирање на функција на централна набавка 9.154 Во овој дел од текстот се илустрира примената на принципот „дофат на рака“ во случај на вршење на функцијата за централна набавка. Прикажано е клучното значење на анализите на споредливост, а особено на функционалната анализа, за разбирањето на улогата што секоја страна одделно ја има во создавањето синергија, заштеди на трошоци или други ефекти на интегрирање. Листата што следува во натамошниот текст нема за цел да ги опфати сите можни ситуации, туку само оние најчестите. Кој метод за примена на трансферни цени е најсоодветен, зависи од фактите и од околностите на конкретниот случај. Конкретно, од самиот конкретен случај зависи до која страна односно до кои страни треба да се распределат заштеди на трошоци или неефикасностите што се создаваат со централизирање на набавната функција. 9.155 Да претпоставиме дека ГМНП формира претпријатие за вршење централни набавки кој ќе преговара со независн B