OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 342

340 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА Д. Локациски заштеди 9.148 Локациски заштеди може да оствари ГМНП што релоцира дел од своите активности на место каде што трошоците (на пример, трошоците за работна сила, трошоците за недвижен имот итн.) се пониски одошто трошоците на локацијата каде што тие активности биле извршувани на почетокот, при што предвид се земаат и можните трошоци што настануваат како последица од преселбата односно релокацијата (на пример, трошоци поврзани со прекинувањето на постојното деловно работење, евентуално повисоките трошоци за инфраструктура на новата локација, евентуално повисоките трошоци за транспорт доколку новото претпријатие е пооддалечено од пазарот, трошоците за обука на локалните вработени итн.). Кога деловна стратегија чија цел е да се остварат локациски заштеди, претставува деловна причина за преструктурирањето, релевантна е дискусијата од параграф 1.59 до 1.63. 9.149 Кога по извршеното деловно преструктурирање се остваруваат значителни локациски заштеди, се поставува прашањето дали и на кој начин, локациските заштеди треба да се поделат меѓу страните. Одговорот очигледно треба да зависи од она за што би се договориле и согласиле независни претпријатија во слични околности. Условите што би биле договорени B