OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 34

32 – ПОИМНИК средства, услуги или права и која ги утврдува природата и степенот на интересите односно учеството на секој учесник одделно во резултатите од активноста на развивање, производство или на набавка на тие средства, услуги или права. Споредлива неконтролирана трансакција Споредлива неконтролирана трансакција претставува трансакција меѓу две независни страни што може да се спореди со контролираната трансакција која е предмет на разгледување. Може да биде споредлива трансакција меѓу една страна која е учесник во контролирана трансакција и независна страна („интерна споредлива трансакција“) или споредлива трансакција меѓу две независни страни, од кои ниедна не е учесник во дадена контролирана трансакција („екстерна споредлива трансакција“). Традиционални трансакциски методи Метод на споредлива неконтролирана цена, метод на трговски цени и метод на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка. Трговска маржа Маржа што го претставува износот од кој препродавачот би настојувал да ги покрие своите трошоци за продажба и другите оперативни трошоци како и да оствари соодветна добивка, во контекст на извршените функции (а земајќи ги предвид користените средства и преземените ризици). Трговски нематеријален имот Комерцијален нематеријален имот кој не опфаќа маркетиншки нематеријален имот. Услуга меѓу членови на група Активност (на пример, административна, техничка, финансиска, комерцијална итн.) за чие извршување независното претпријатие би било подготвено да плати или би било подготвено самото да ја изврши. Услуги „на повик“ Услуги што ги обезбедува матичното друштво или услужен центар на групата, а кои во секој момент се достапни за членките ГМНП. Функционална анализа Анализа на функциите што ги вршат (земајќи ги предвид користените средства и преземените ризици) поврзаните претпријатија во контролирани трансакции и независните претпријатија во споредливи неконтролирани трансакции. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ