OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 320

318 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА точка, како на претпријатието од кое се врши преносот така и на претпријатието до кое се врши преносот. 9.92 Даночните администрации изразуваат загриженост во однос на случаите што ги забележале во практиката каде што едно претпријатие доброволно раскинува договор што му овозможувал остварување на користи, а со цел да му овозможи на одредено странско поврзано претпријатие да склучи сличен договор и да оствари корист од потенцијалот за добивка содржан во него. На пример, да претпоставиме дека претпријатието А има вредни долгорочни договори со независни купувачи што на тоа претпријатие му носат значителен потенцијал за остварување добивка. Да претпоставиме дека, во одреден момент, претпријатието А доброволно ги раскинува своите договори со купувачите во околности кога самите купувачи правно или комерцијално се обврзани да склучат слични аранжмани со претпријатието Б, странско претпријатие кое припаѓа на истата ГМНП на која припаѓа и претпријатието А. Како резултат на таа постапка, договорните права и поврзаниот потенцијал за остварување добивка што ги поседувало претпријатието А, сега ги поседува претпријатието Б. Ако фактичката ситуација е дека претпријатието Б може да склучи договори со купувачите само доколку претпријатието А се откаже од сопствените договорни права во негова полза и дека претпријатието А ги раскинало своите договори со своите купувачи, знаејќи дека самите купувачи се правно или комерцијално обврзани да склучат слични аранжмани со претпријатието Б, ова во суштина би претставувало трипартитна трансакција и може да претставува еквивалент на пренос на вредни договорни права од претпријатието А до претпријатието Б, за кои можеби ќе треба да се оствари надомест во согласност со принципот „дофат на рака“, зависно од вредноста на правата од кои се откажува претпријатието А, а од гледна точка на двете претпријатија. Г.3 Пренос на дејност (деловен потфат) Г.3.1 Вреднување на преносот на дејност 9.93 Пренос на одреден деловен потфат односно на функционална, економски интегрирана деловна единица може да претставува дел од деловно преструктурирање. Пренос на деловен потфат во овој контекст значи пренос на средства, во комбинација со способноста да се извршуваат одредени функции и да се понесат одредени ризиц BฃBsB