OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 31

ПОИМНИК – 29 контролирана трансакција. Кон овој трошок се додава соодветна маржа со цел да се оствари соодветна добивка во контекст на извршуваните функции (земајќи ги предвид користените средства и преземените ризици) како и на пазарните услови. Она што се добива откако кон наведените трошоци ќе се додаде маржа, може да се смета за цена во согласност со принципот „дофат на рака“ на првичната контролирана трансакција. Мултинационално претпријатие (МНП) Трговско друштво кое е дел од ГМНП. Намерно пребивање Поволност што едно поврзано претпријатие ја овозможува до друго поврзано претпријатие во рамките на групата, а што намерно се надоместува до одреден степен преку користење на различни поволности што за возврат се добиваат од тоа друго претпријатие. Независни претпријатија Две претпријатија се независни во меѓусебните односи доколку не се претпријатија поврзани едно со друго. Неконтролирани трансакции Трансакции меѓу претпријатија што претставуваат независни претпри­ јатија едни во однос на други. Опсег на резултати во согласност со принципот „дофат на рака“ Опсег на резултати што се прифатливи за утврдување дали условите на една контролирана трансакција се во согласност со принципот „дофат на рака“ кои се добиваат од примената на еден исти метод за утврдување на трансферните цени кај повеќе споредливи податоци или од примената на различни методи за утврдување на трансферните цени. Плаќање заради порамнување Плаќање што обично се извршува од страна на еден или повеќе учесници до друг учесник, со цел да се усогласат пропорционалните учества во придонесите на учесниците, со што се зголемува вредноста на придонесот на вршителот на плаќањето а се се намалува вредноста на придонесот на учесникот до кој е извршено плаќањето за висината на износот на извршеното плаќање. Поврзани претпријатија Две претпријатија се меѓусебно поврзани доколку едното претпријатие ги исполнува условите од член 9, алинеја 1а) или 1б) од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД во однос на другото. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ