OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 28
26 – ПОИМНИК
Влезно плаќање
Плаќање што се врши од страна на нов учесник во веќе активна СУТ со
цел да се оствари одреден интерес во кои било резултати од претходните
активности на СУТ.
Глобална распределба на добивка по формула
Пристап со кој глобалната консолидирана добивка на ГМНП се
распределува меѓу поврзаните претпријатија во различни земји, а врз
основа на претходно утврдена формула.
Група мултинационални претпријатија (ГМНП)
Група составена од поврзани трговски друштва со седишта во две или
во повеќе земји.
Директни трошоци
Трошоци што се прават специфично за производство на даден производ
или за обезбедување на одредена услуга, како на пример, трошоците за
суровини.
Излезно плаќање
Надоместот што учесникот кој се повлекува од веќе активна СУТ може
да го добие од другите учесници за ефективен пренос на неговите интереси
во резултатите од претходните активности во рамките на таа СУТ.
Индиректни трошоци
Трошоци за производство на одреден производ или услуга кои, иако
се блиску поврзани со производниот процес, можат да се однесуваат
за повеќе производи или услуги (на пример, трошоците на одделот за
сервисирање што сервисира опрема која се користи за производство на
различни производи).
Истовремени даночни контроли
Според дефиницијата од Дел А од Модел-спогодбата на ОЕЦД за
спроведуање истовремени даночни контроли, истовремена даночна
в
контрола значи „аранжман меѓу две или повеќе страни со цел да се
врши контрола, независно и истовремено, секоја на својата територија,
на даночните прашања на даночниот обврзник (даночните обврзници)
за кој страните имаат одреден заеднички или поврзан интерес, со цел да
се направи размена на сите релевантни информации до кои страните ќе
дојдат низ ваквата постапка.“
Комерцијален нематеријален имот
Комерцијален имот што се користи во комерцијални активности, како
што е производство на одреден производ или обезбедување на одредена
ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ