OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 276

274 – ПОГЛАВЈЕ VIII: СПОГОДБИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИТЕ 8.28 Доколку СУТ е прифатлива по други основи и се реализира доследно, а имајќи ги предвид препораките од Делот Ѓ, даночната администрација вообичаено не треба да врши приспособување само врз основа на една фискална година. Треба да се анализира дали пропорционалниот удел на секој учесник одделно во севкупните придонеси, е доследен со неговиот пропорционален удел во севкупната очекувана користа од спогодбата во период од неколку години (да се погледне параграф 3.75 до 3.79). Г.2 Отфрлање на дел од условите или на сите услови содржани во СУТ 8.29 Во некои случаи, конкретните факти и околности можат да укажуваат на фактот дека реалноста на спогодбата се разликува од условите првично договорени меѓу учесниците. На пример, можно е еден или повеќе утврдени учесници да немаат објективно очекување за користа што би се остварила од активноста во рамките на СУТ. Иако, во принцип, малиот удел во очекуваната корист не треба да претставува пречка за стекнување на статус на учесник во спогодбата, доколку се очекува учесникот кој ја врши целата предметна активност на спогодбата да има само мал удел во севкупната очекувана корист, може да се постави прашањето дали спогодбата реално ја одразува ситуацијата во која таа страна ќе има удел во заемната корист или пак спогодбата има за цел да се остварат поповолни даночни резултати. Во таков случај, даночната администрација може да ги утврди даночните последици како условите на договорот да се конзистентни со оние услови што реално би можеле да се очекуваат кога учесници во нив би биле и независни претпријатија, а во согласност со насоките од параграф 1.64 до 1.69. 8.30 Даночната администрација може да ги отфрли, делумно или целосно, првично договорените услови на СУТ онаму каде што, со текот на времето, се забележало значително разидување меѓу пропорционалниот удел во придонесите од страна на учесникот (со извршено приспособување за да се одразат сите плаќања заради порамнување) и неговиот пропорционален удел во очекуваните користи, при што комерцијалната реалност е дека учесникот кој е носител на несразмерно голем удел во придонесите треба да има право на поголем кориснички удел во СУТ. Во таков случај, учесникот може да има право на надомест во согласност со принципот „дофат на рака“ за користење на тој конкретен удел од страна на други учесници. Во околности кои укажуваат на обид да се злоупотребат правилата според кои се раководат СУТ, даночната администрација може да ја отфрли СУТ во целост. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ