OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 260

258 – ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ имаат предвид, но тие не секогаш се решавачки за крајниот исход во сите случаи. 7.31 Методот што ќе се применува за утврдување на трансферните цени за услугите реализирани во рамките на групата треба да се утврдува во согласност со насоките содржани во Поглавје I, II и III. Примената на овие насоки често води кон примена на методот на споредливи неконтролирани цени или на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка за утврдување на цените за услугите што се реализираат во рамките на групата. Методот на споредливи неконтролирани цени обично е најсоодветен во ситуации кога на пазарот на корисникот на услугата постои споредлива услуга што се реализира меѓу независни претпријатија или од страна на поврзано претпријатие кое обезбедува услуги на независно претпријатие во споредливи околности. На пример, ова може да е случај кога се обезбедуваат сметководствени, ревизорски, правни или компјутерски услуги во рамките на меѓусебно споредливи контролирани и неконтролирани трансакции. Во отсуство на методот на СНЦ, методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка обично е најсоодветен метод во случаи кога природата на извршените активности, на користените средства и на преземените ризици е споредлива со извршените активности, со користените средства и со преземените ризици од страна на независни претпријатија. Како што беше спомнато во Поглавје II, Дел II, при примената на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка, треба да постои доследност меѓу контролираните и неконтролираните трансакции во поглед на вклучените категории на трошоци. Методите на трансакциска добивка може да се применуваат онаму каде што истите се најсоодветни според околностите на конкретниот случај (да се погледне и параграф 2.1 до 2.11). Во исклучителни случаи, на пример, онаму каде што е тешко да се примени методот на споредливи неконтролирани цени или методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка, може да се размисли за примена на повеќе од еден метод (да се погледне параграф 2.11) при утврдувањето на цени во согласност со принципот „дофат на рака“. 7.32 Од полза може да биде и да се изврши функционална анализа на различните членки на групата за да се согледа каква е релацијата меѓу реле­ вантните услуги од една страна и активностите и постигнатите резултати на членките, од друга страна. Покрај ова, можно е како неопходност да се појави потребата да се анализира, не само непосредниот ефект од обезбедената услуга туку и нејзиниот долгорочен ефект, а имајќи го предвид фактот дека некои трошоци никогаш фактички нема да ги создадат оние поволности кои реално биле очекувани во момен F B