OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 249

ПОГЛАВЈЕ VII: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВНАТРЕ-ГРУПАЦИСКИ УСЛУГИ – 247 Поглавје VII Посебни аспекти поврзани со обезбедување внатре-групациски услуги А. Вовед 7.1 Во ова поглавје станува збор за прашањата што настануваат кога, за потребите на примена на трансферните цени, се утврдува дали една членка од ГМНП обезбедила услуги за другите членки од таа група и како се утврдуваат цените во согласност со принципот „дофат на рака“ за тие внатре-групациска услуги. Во поглавјето не се дискутира за тоа дали услугите биле обезбедени во рамките на СУТ и како соодветно да се утврдат цените во согласност со принципот „дофат на рака“, односно случаите каде што членките на ГМНП заеднички купуваат, произведуваат или обезбедуваат стоки, услуги и/или нематеријален имот, алоцирајќи ги трошоците за таквата активност меѓу членките кои учествуваат во конкретниот аранжман. Спогодбите за учество во трошоците се обработуваат во Поглавје VIII. 7.2 Речиси секоја ГМНП треба да овозможи широк опфат на услуги, како што се административни, технички, финансиски и комерцијални услуги, да бидат на располагање на нејзините членки. Во овие услуги можат да спаѓаат и функциите на управување, координирање и на контрола за групата како целина. Трошоците за обезбедувањето на овие услуги на почетокот можат да бидат на товар на матичното претпријатие, на посебно определена членка на г