OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 233

ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ – 231 експлоатација на одреден производ или услуга, потоа листите со купувачи, дистрибутивните канали, како и уникатните називи, симболи или слики кои поседуваат битна промотивна вредност за конкретниот производ. Можно е некои видови маркетиншки нематеријален имот (на пример, заштитените трговски марки) да се заштитени со правото на конкретната земја и да се користат само со дозвола од сопственикот на релевантниот производ или услуги. Вредноста на маркетиншкиот нематеријален имот зависи од бројни фактори, како на пример, репутацијата и кредибилитетот на трговската марка или на трговскиот назив, зајакнати со квалитетот на производите и на услугите што во минатото се нуделе под таа марка или назив, потоа степенот на контрола врз квалитетот и тековното истражување и развој, дистрибуцијата и достапноста на производите и на услугите на пазарот, степенот и успешноста на промотивните трошоци направени со цел потенцијалните купувачи да се запознаат со производите или со услугите (поконкретно, трошоците за рекламирање и за маркетинг направени со цел да се оформи мрежа со дистрибутери, агенти или со други застапници), вредноста на пазарот до кој маркетиншкиот нематеријален имот ќе обезбеди пристап, како и природата на секое право што според законот ќе се создаде со нематеријалниот имот. 6.5 Интелектуалната сопственост, како на пример стручните знаења и деловните тајни може да биде трговски нематеријален имот или маркетиншки нематеријален имот. Стручните знаења и деловните тајни се посебно заштите­ и информации или сознанија што помагаат н при одредена комерцијална активност или ја подобруваат истата, но не се заштитени на начин на кој се регистрира патент или заштитена трговска марка. Поимот „стручни знаења“ можеби претставува помалку прецизен концепт. Во параграф 11 од Комен­ арот кон член 12 т од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД, наведена е следнава дефиниција:“[Стручните знаења] обично кореспондираат со неоткри­ ни е информации од индустриска, комерцијална или од научна природа што произлегуваат од претходни искуства, а што имаат практична примена во деловното работење на едно претпријатие, и од чие откривањето може да се добие одредена економска поволност“. Стручните знаења можат да вклучат тајни процеси или формули, или други тајни информации во врска со индус­ рис­ ите, комерцијалните или со научните искуства што т к не се опфатени со патентот. Секое откривање на стручните знаења или на одредена деловна тајна значително може да ја намали вредноста на имотот. Стручните знаења и делов­ ите тајни често имаат значајна улога н во комерцијалните активности на ГМНП. 6.6 Треба да се внимава кога се утврдува дали или кога постои деловен или маркетиншки нематеријален имот. На пример, сите трошоци ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ