OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 208

206 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ во домашното законодавство да се склучуваат ПЦС не би ја спречило примената на ПЦС врз основа на постапката за заемно договарање. Ѓ.3 Предности на претходни ценовни спогодби 4.142 Примената на ПЦС може да им помогне на даночните обврзници да ја елиминираат несигурноста преку зголемување на предвидливоста на даночниот третман во меѓународните трансакции. Под услов да се исполнети главните претпоставки, ПЦС може на даночни обврзници кои се опфатени со ПЦС да им обезбеди сигурност во однос на даночниот третман на аспектите од сферата на трансферните цени, во текот на прецизиран временски период. Во некои случаи, ПЦС може да обезбеди и опција за продолжување на временскиот период на нејзината примена. По истекување на периодот на валидноста на ПЦС, постои можност релевантните даночни администрации и даночни обврзници повторно да преговараат околу ПЦС. Поради сигурноста што ја нуди ПЦС, даночниот обврзник ќе може да ги предвиди своите даночни обврски, со што се обезбедува даночно опкружување кое е поволно за инвестирање. 4.143 ПЦС овозможуваат даночните администрации и даночните обврзници меѓусебно да се консултираат и да соработуваат во дух и опкружување кои се позитивни. Можноста да се избегнат конфронтации при дискусијата за комплексни даночни аспекти одошто е тоа случај кај контролата на трансферните цени, може да стимулира слободен тек на информации меѓу сите вклучени страни, со цел да се дојде до коректен резултат од правен аспект и кој функционира во практиката. Ова може да резултира и со пообјективно разгледување на поднесените податоци и информации отколку на пример, при парнична постапка. Блиските консултации и соработка што се бараат меѓу даночните администрации во една програма на ПЦС, исто така водат до поблиски релации со другите држави договорнички во спогодбите за избегнување на двојното оданочување во врска со аспектите од делот на трансферните цени. 4.144 ПЦС може да спречи појава на скапи и долготрајни контроли и парнични постапки за даночните обврзници и за даночните администрации во врска со значајни аспекти од делот на трансферните цени. Откако ќе се постигне согласност околу ПЦС, можно е да бидат потребни помалку ресурси за последователна контрола на даночната пријава на даночниот обврзник бидејќи ќе бидат познати повеќе информации во врска со даночниот обврзник. Но сепак, следењето на примената на спогодбата може и понатаму да биде тешко. Самиот процес на ПЦС може да резултира со заштеда во времето, како за даночните обврзници така и за даночните администрации, за сметка на времето ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ