OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 20
18 – ПРЕДГОВОР
Предговор
1.
Улогата на мултинационалните претпријатија (МНП) во
светската трговија драматично се зголемила во изминативе 20 години.
Ова делумно претставува одраз на сè поголемата интегрираност на
националните економии и на технолошкиот напредок, особено во
областа на комуникациите. Подемот на МНП создава сè покомплексни
прашања во делот на оданочувањето, како за даночните администрации
така и за самите МНП, бидејќи прописите на одделни земји во врска со
оданочувањето на МНП не можат да се анализираат изолирано, туку на
истите мора да се гледа во еден широк меѓународен контекст.
2.
Овие проблеми првенствено настануваат како за даночните
адми истрации така и за МНП поради практичните потешкотии кои
н
постојат при определувањето на приходите и расходите на одредена
компанија или постојана деловна единица која е дел од одредена ГМНП,
што треба да се земат предвид во рамките на конкретна јурисдикција,
особено онаму каде што постои високо ниво на интегрираност на
операциите на ГМНП.
3.
Кога станува збор за МНП, дополнителни проблеми се создаваат
со потребата да се делува во согласност со законите и со административните
барања кои можат да се се разликуваат од една до друга земја. Постои
можност различните барања да создадат поголем товар за едно МНП и да
резултираат со повисоки трошоци за усогласување со законските барања
одошто во случај да станува збор за слично претпријатие кое дејствува во
рамки на само една даночна јурисдикција.
4.
Кога станува збор за даночните администрации, конкретни
проблеми настануваат, како на ниво на воспоставените политики така
и на ниво на практична примена. На ниво на воспоставените политики,
земјите имаат потреба да воспостават баланс меѓу своето легитимно
право да ја оданочуваат добивката на даночниот обврзник врз основа
на приходите и на расходите за кои реално може да се претпостави дека
настануваат на нивна територија со потребата да се избегне ситуацијата
една иста приходна ставка да биде оданочувана од страна на повеќе
ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ