OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 191

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 189 административните барања поврзани со поедноставените даночни режими може да се разликуваат, од целосно ослободување на определени даночни обврзници од обврската да постапуваат во согласност со законските одредби на една земја во делот на трансферните цени, сè до обврската за постапување во согласност со различни процедурални правила, како предуслов даночниот обврзник да ги исполни условите на поедноставените даночни режими. Овие прописи можат, на пример, да им наложат на даночните обврз­ ици да утврдуваат трансферни н цени или резултати на даден конкретен начин, на пример, со користење поедноставен метод за примена на трансферните цени препорачан од даночната администрација или да исполнат одредени прецизи­ани р услови во поглед на изготвување извештаи и водење евиденција во врска со контролираните трансакции. Ваквиот пристап налага поголем ангажман од страна на даночната администрација, бидејќи можеби ќе треба да се следи дали даночниот обврзник постапува во согласност со процедуралните правила. 4.95 Поедноставените даночни режими може да имаат две варијанти во однос на условите на контролираните трансакции на даночниот обврзник, односно одредени трансакции се изземаат од полето на примена на одредбите за трансферните цени (особено низ поставувањето гранични вредности односно прагови) или, како втора опција, правилата што важат за нив се поедноставуваат (на пример, низ утврдувањето опсег во кој мора да потпаднат цените или добивката). Даночните органи можеби ќе треба периодично да ги ревидираат и да ги објавуваат овие две конкретни цели во сферата на поедноставените даночни режими. Поедноставените даночни режими не содржат постапки низ кои даночната администрација и даночниот обврзник постигнуваат договор за примена на трансферните цени пред спроведувањето на контролираните трансакции (ПЦС), за кои ста