OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 187

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 185 на даночниот обврзник, со цел да се појаснат одредени фактички прашања. Во земјите каде што даночниот обврзник има право да биде консултиран пред информациите да се проследат до друга даночна администрација, оваа процедура треба да се следи и во контекст на истовремена контрола. Во ваква ситуација, даночната администрација однапред треба да ги информира државите договорнички дека подлежи на ова барање пред да се почне со реализацијата на истовремената контрола. 4.85 Истовремените даночни контроли можат да бидат корисен инструмент за утврдување вистинската даночна обврска на поврзаните претпријатија во случаи каде што, на пример, трошоците се делат или префактурираат, а добивката се распределува помеѓу даночните обврзници во различни даночни јурисдикции или, погенерално, кога се вклучени прашања поврзани со трансферните цени. Со истовремените даночни контроли може да се олесни размената на информации во врска со мултинационалните деловни практики, комплексните трансакции, СУТ и со методите за распределба на добивката во посебни области како што се глобалната трговија и иновативните финансиски трансакции. Со тоа, даночните администрации можат да се стекнат со подобри сознанија и согледувања за севкупните дејности на ГМНП и со тоа да добијат поголеми можности за споредба и за проверка на меѓународните трансакции. Истовремените даночни контроли можат да бидат поткрепа и за размената на информации на ниво на целата индустрија, чија цел е да се оформат сознанија за постапувањето на даночните обврзници, за практиките и за трендовите во рамките на одредена економска гранка и други информации што би можеле да бидат соодветни и надвор од границите на конкретните случаи кои се предмет на даночна контрола. 4.86 Една од целите на истовремените даночни контроли е да се промовира почитувањето на прописите во делот на трансферните цени од страна на даночните обврзници. Доаѓањето до неопходни информации и утврдувањето факти и околности во врска со прашања поврзани со трансферните цени на контролираните трансакции меѓу поврзаните претпријатија во две или во повеќе даночни јурисдикции, може да бидат комплексни задачи за даночната администрација, а особено во случаите кога даночниот обврзник во нејзина јурисдикција не соработува или не ги обезбедува навремено потребните информации. Процесот на спроведување истовремени даночни контроли може да им помогне на даночните администрации побрзо, поефикасно и поекономично да ги утврдат овие факти. 4.87 Оваа постапка овозможува благовремено да се идентификув