OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 179

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 177 компликации. Поради долготрајниот период потребен за обработка на бројни предмети од доменот на трансферните цени, износот на каматата што се пресметува врз помалку платениот данок или, доколку е дозволена кореспондентно приспособување, врз претплатениот даночен износ во другата земја, може да биде еднаков на или поголем од износот на самиот данок. Даночните администрации треба да бидат свесни за можноста неконзистентните прописи во делот на каматите меѓу две јурисдикции да резултираат со дополнителен трошок за ГМНП или, во некои други случаи, да обезбедат поволност за таа ГМНП (на пример, кога каматата што се плаќа во земјата што го врши кореспондентното приспособување го надминува износот на каматата што се пресметува во земјата што го врши примарното приспособување) - што не би била можна ако на самиот почеток контролираните трансакции биле спроведени врз основа на принципот „дофат на рака“, што даночните администрации треба да го имаат предвид во своите постапки за заемно договарање. 4.65 Износот