OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 163

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 161 врз основа на домашните потребите и односи, како на пример, изборот дали ќе се применуваат мерки на оданочување со кои се отстрануваат или се ограничуваат можностите за непочитување на законските одредби (на пример, наметнување законска обврска врз даночните обврзници да соработуваат со даночната администрација или поставување во обратна насока на товарот на докажување во ситуации каде што се заклучило дека даночниот обврзник не постапувал со добри намери) и примената на монетарни дестимуланси (на пример, дополнителен данок кој му се пресметува на даночниот обврзник поради помалку пријавен данок, покрај износот на помалку платениот данок). Врз природата на паричните казни во даночната сфера може да влијае и судскиот систем во земјата. Повеќето земји не применуваат парични казни доколку не постои субјективна одговорност; на пример, во некои земји, воведувањето парична казна без постоење на субјективна одговорност би било против основните принципи на нивниот правен систем. 4.20 Даночните јурисдикции имаат усвоено неколку различни видови парични казни. Казните можат да се состојат од прекршочни или од кривични санкции - кривичните казни секогаш се однесуваат на случаите на измама кои вклучуваат големи износи, и обично вклучуваат голем товар на докажување врз страната која ја изрекува казната (односно, даночната администрација). Кривичнит