OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 155

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 153 Поглавје IV Административни пристапи кон избегнувањето и кон решавањето спорови поврзани со трансферни цени А. Вовед 4.1 Во ова поглавје се разгледуваат различни административни постапки што можат да се применат за да се сведат на минимум споровите поврзани со трансферни цени и да се помогне во нивно решавање кога вакви спорови настануваат меѓу даночниот обврзник и неговата даночна администрација, како и меѓу различни даночни администрации. Споровите можат да настанат дури и кога сериозно се следат посочувањата во овие Насоки со цел да се примени принципот „дофат на рака“. Можно е даночниот обврзник и даночната администрација да дојдат до различни заклучоци при утврдување на условите во согласност со принципот „дофат на рака“ за разгледуваните контролирани трансакции, со оглед на комплексноста на дел од аспектите поврзани со трансферните цени и со оглед на потешкотиите што настануваат при толкувањето и при проценувањето на околностите на поединечните случаи. 4.2 Можно е да настане двојно оданочување во случаите кога две или повеќе даночни администрации имаат различен став при утврдувањето на условите „дофат на рака“. Двојно оданочување настанува кога повеќе од една даночна администрација вклучува еден ист приход во даночната основа, во услови кога приходот се наоѓа во рацете на различни даночни обврзници (економско двојно оданочување во случај на поврзани претпријатија) или кога приходот е во рацете на ист правен субјект (правно двојно оданочување во случај на постојани деловни единици). Двојното оданочување не е пожелно и треба да се елиминира секогаш кога тоа е ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ