OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 147

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 145 резултати не се преклопува. Не може да се изведе општо правило во однос на примената на опсегот на резултати изведен од примената на повеќе методи, бидејќи заклучоците што треба да се изведат од нивната примена зависат од релативната веродостојност на методите што биле искористени за утврдување на опсегот на резултати и од квалитетот на информациите што се искористиле при примената на различни методи. 3.59 Онаму каде што примената на најсоодветниот метод (или, во релеван­ ни околности, на повеќе од еден метод, да се погледне параграф т 2.11) создава опсег на резултати, постоењето на значително отстапување меѓу поединечните износи во тој опсег може да укажува на можноста податоците што се користат за утврдување на дел од вредностите, да не се толку сигурни како податоците што се користат за утврдување на другите вредности во опсегот или дека отстапувањето може да настане како резултат од особености на споредливите податоци кои налагаат приспособувања. Во вакви случаи, дополнителна анализа на тие вредности може да се покаже како неопходна за да се утврди дали е соодветно тие да бидат вклучени во кој било опсег „дофат на рака“. A.7.2 Избор на најсоодветната вредност од опсегот 3.60 Доколку релевантниот услов на контролираната трансакција (на пример, цена или маржа) се наоѓа во рамките на опсегот „дофат на рака“, не треба да се изврши никакво приспособување. 3.61 Доколку релевантниот услов на контролираната трансакција (на пример, цена или маржа) се наоѓа надвор од опсегот „дофат на рака“ што го утврдува даночната администрација, даночниот обврзник треба да ја можност да презентира аргументи спо FB