OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 111

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 109 трошоци поврзани со трансакцијата и да се алоцираат трошоците поврзани со трансакцијата и трошоците поврзани со другите дејности на поврзаните претпријатија. В.3 Насоки за примена В.3.1 Општо 2.115 Намерата на овие Насоки не е да се понуди сеопфатен преглед на начините на кои може да се примени методот на поделба на трансакциска добивка. Примената на методот зависи од околностите на конкретниот случај и од достапните информации, но сепак, основната цел е поделбата на добивка да се изврши на начин кој е колку што е можно поблизок до начинот на кој би се поделила добивката доколку страните би биле независни претпријатија. 2.116 Според методот за поделба на трансакциска добивка, комби­ нираната добивка треба да се подели меѓу поврзаните претпријатија врз економски оправдана основа која е блиска до поделбата на добивката што би била содржана во аранжман склучен во согласност со принципот „дофат на рака“. Општо земено, утврдувањето на комбинираната добивка што треба да се подели и на факторите при поделбата, треба: • да биде доследно со функционалната анализа на контролираната трансакција што се разгледува, а особено да ја одразува распределбата на ризици меѓу страните, • да биде доследно со утврдувањето на комбинираната добивка што треба да се дели и на факторите при поделбата што инаку би се договориле меѓу независни претпријатија, • да биде доследно со видот на пристапот за поделба на добивката (на пример, анализа на придонесите кон трансакцијата, резидуална анализа и слично; пристап ex ante или ex post, како што станува збор во параграф 2.118 до 2.145 од натамошниот текст), и • да може со сигурност да се измери. 2.117 • Дополнително: Доколку методот за поделба на трансакциска добивка се користи за утврдување на трансферните цени во рамките на контролирани трансакции (пристап ex ante), реално е да се очекува времетраењето на аранжманот и критериумите или главните основи за распределба да бидат договорени пред спроведување на трансакцијата. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФ BWB