OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 109

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 107 за соодветноста и за примената на методите за поделба на добивката кај глобалното тргување со финансиски инструменти меѓу поврзани претпријатија во Дел III, Оддел В, од Извештајот за припишување добивка до постојани деловни единици.2 Методот за поделба на трансакциска добивка е најсоодветен во случаи каде што придонесот на обете страни во една трансакција е уникатен и вреден (на пример, страните придонесуваат со одредено уникатно нематеријално средство) бидејќи во таков случај, независните претпријатија би ја поделиле добивката од остварената трансакција сразмерно на својот придонес, при што во вакви околности, двостран метод може да биде посоодветен одошто едностран метод. Дополнително, во случаи каде што придонесот на страните во трансакцијата е вреден и уникатен, можно е да нема доволно веродостојни информации за споредливи трансакции и претпријатија за да може да се примени друг метод. Од друга страна, методот за поделба на трансакциска добивка вообичаено н BԃFBԃB