My first Publication TRANSIT tool | Page 80

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Покрај бројните алатки за сочувување на податоците и мапирање, Твитер, Фејсбук и другите социјални мрежи исто така можат да помогнат во одржување на безбедноста и сигурноста како и спроведувањето на работилници и консултации кои, инаку би биле многу скапи (Рамка 2.23). Рамка 2.22 Пример на случај: Користење на социјални мрежи за заштита на сигурноста во Белизе Во опкружување кое забранува исто-полови активности, Транс во Акција (TИA) членовите се особено ранливи на насилство. Осигурувањето дека нивниот глас е слушнат на меѓународните настани, додека анонимноста е оджана, е од голема важност. ТИА користат WhatsApp комуникација за да бидат во постојан контакт со членовите од заедницата кога патуваат, излегуваат навечер или се изложени на насилство на некој друг начин. Исто така, се користат и приватни Фејсбук групи и страни за комуникациски консултации, како на пример да се подготви концепт за Глобалното финансирање. Користењето на овие едноставни и релативно анонимни ресурси, организацијата останува во константен контакт со заедницата на која и служи и ја мобилизира. Користењето на социјални мрежи може многу да помогне во зајакнување натрансродните заедници, како што е прикажано во примерот со Малезија (Рамка 2.24). Рамка 2.24 Пример на случај: Користење на социјални мрежи за зајакнување на трансродните жени во Малезија Во Февруари, 2011 година, Правда за сестрите, кампања во Малезија, изнајмила група на трансродни жени за да потполнат еден формулар за конституциски преглед на законите за криминализација на „машките лица кои носат женски алишта и позираат како жени“, со бројни случаи на притворање и насилни напади врз трансродните жени во Серембан, главниот град на Негери Сембилан. Правдата за сестри почнала со емитирање на Ток – шоу серии „Чит Чат со Џелита“ – за трансродните заедници да можат да ги објаснат нивните проблеми. Сериите ги претставувале талентите од заедницата, посебно оние кои работеле на превенција на ХИВ на терен. Седумте епизоди, на Малезиски јазик, ја потенцирале интеракцијата помеѓу сексуалната работа, ХИВ и урбатанта сиромаштија, како и полициската моќ, трансфобија и дискриминација во образованието. Видео клиповите биле поддржани со дискусии на Твитер во соработка со групите за човекови права и граѓанско – општествените организации. Една епизода во врска со Трансфобијата можете да погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/ watch?v=yLQiir54qrg Користењето на ИКТ за организирање на трансродните заедници, здравствен мониторинг и други цели се подетално дискутирани во Поглавје 4. 79