My first Publication TRANSIT tool | Page 23

Вовед помеѓу здравствените работници и службите за донесување на закони, вклучувајќи ги и оние кои управуваат со затворите и другите затворени институции. Здравствено образование: Трансродните луѓе често имаат недостаток на здравствено образованите. Ова може да влијае на нивните одлуки базирани на ХИВ ризикот и нивното барање на медицинска помош. Здравствените установи треба постојано да нудат рутински здравствени контроли и информации за трансродните луѓе. Во исто време, здравствените установи треба и да ги зајакнат можностите на работниците за да се обидат да го намалат ширењето на ХИВ инфекцијата меѓу трансродните лица. Обезбедување интегрирани услуги: Социјалната ситуација на трансродните лица е обично многу сиромашна. На пример, ХИВ, туберкулоза, HBV/HCV, други инфекции и ментално-здравствени состојби се многу чести кај транс лицата и обично се поврзани со големиот стрес поради честото навредување, стигматизација и дискриминација. Интегрираните услуги овозможуваат можности за превенција насочена централно кон клиентите, дијагноза, третман и грижа за повеќе проблеми со кои се соочуваат трансродните луѓе. Овие услуги исто така ја подобруваат и олеснуваат комуникацијата и сопствената грижа. Зајакнување на заедницата е процес каде што трансродните лица се зајакнати и поддржани за самите да се изборат со здравствените проблеми, човекови права и сите ситуаци со кои се сретнуваат, како и зголемување на пристапот до услугите за намалување на ХИВ инфекцијата. Зајакнувањето на заедницата е многу важен пристап кој ги поддржува сите интервенции и програмски компоненти опишани во оваа алатка и не се дели од нив. Значајното учество и лидерство на заедницата е од особена важност за дизајн, спроведување, мониторинг и евалуација на програмите. Учествувањето и лидерството се од голема помош за градење на доверба со оние за кого се наменети програмите, правење на посеопфатни програми кои одговараат на потребите на трансродните луѓе и овозможување на подобри услови за ХИВ превенција. Самите трансродни лица можат да бидат најдобар пример за промена на социјалното или мислењето на поголемите институции во врска со нивните права. Добивање на пристап до здравствена грижа на трансродните лица бара социополитичко прифаќање на различната експресија на идентитет и род и баш поради ова, трансродните лица треба да ја зголемат можноста за лидерство и да се борат за своите права. 22