Вовед
Клучни елементи за секое поглавје
Секое поглавје почнува со вовед кој го дефинира насловот и објаснува
зошто е тој важен. Воведот претставува еден или повеќе сегменти од
2014 Консолидираното упатство за клучните популации, соодветно.
Интервенциите се опишани детално, и поделени на чекори и етапи, каде
што е можно тоа, за да можат да се следат полесно. Наслови или точки од
посебен интерес се претставени во посебни текстуални рамки. Примери
на случаи од целиот свет се претставени во засенчени рамки. Овие
примери не опишуваат цели програми детално туку само се задржуваат
на одредени аспекти поврзани со програмите за трансродните лица кои
одговараат совршено во тој контекст. Нивна цел е да илустрираат како
еден проблем или предизвик е решен, и инспирираат идеи во врска со
пристапите кои читателот може самиот да ги разбере. Формите, табелите,
графиците презентирани од различните програми ја имаат сосема истата
цел. Секое поглавје завршува со листа на ресурси – алатки, упатства и други
практични публикации достапни онлајн; понатамошни читања - артикли од
весници или други публикации – кои нудат истражувачка или академска
перспектива за некои посебни точки означени во поглавјето.
Снаоѓање во и помеѓу поглавјата
Иако секое поглавје е поделено за да овозможи полесно пронаоѓање и
користење на информациите, читателот не треба да ги гледа услугите или
интервенциите како посебни или одделени од другите поглавја. Исто така,
иако целата алатка е поделена на посебни поглавја, сепак тие треба да се
гледаат како една целина, а не посебно.
Табела 1. Препораки за сите клучни популации од 2014 Консолидираното
упатство за клучните популации
ХИВ ПРЕВЕНЦИЈА
Правилната и конзистентна употреба на кондом-компактибилни лубриканти за сите клучни
популации за да се спречи пренесувањето на ХИВ и другите СПИ.
- Кондомите и кондом-компактибилните лубриканти се препорачуваат за секс со
пенетрација
- Адекватно обезбедување на лубриканти за трансродни жени и трансродни
мажи кои имаат сексуални односи со други мажи
Орална PrEP која содржи TDF треба да биде понудена како додатна превенција
за лицата со субституциски ризик од ХИВ инфекција како дел од комбинација на
пристапите за ХИВ превенција.
PEP треба да биде достапна за сите засегнати лица од клучните популации на
доброволна база после можна изложеност на ХИВ.
Спроведување на индивидуални и интервенции во врска со однесувањето на ниво
на заедница за превенција на ХИВ и СПИ помеѓу трансродните лица е потребно.
Следните стратегии се препорачани за зголемување на безбеден сексуален однос
и зголемување на бројот на ХИВ тестирања:
Целни Интернет-базирани информации
Стратегии за социјален маркетинг
Терени базирани на сексуални настани
19