My first Magazine Vesnik br.7 | Page 53

Станете член на МАЧР!
За крај

Станете член на МАЧР!

Придружување кон членството на МАЧР
Најголемата вредност и причината на постоењето на Македонската асоцијација за човечки ресурси е нејзиното членство, кое моментално брои околу 100 индивидуални членови на годишно ниво. Од таа причина Асоцијацијата секојдневно работи кон залагање за интересите на членовите и нивните аспирации поврзани со поддршка и со промоција на МЧР професијата, како и исполнување на нивните очекувања преку унапредување на професијата. Доколку и вие сакате да станете дел од оваа мрежа на професионалци од HR областа, да се дружите, да разменувате искуства, можни идни соработки, а можеби и нови работни места, повелете и придружете ни се...
Што добивате преку членството во ова Здружение на граѓани?
• Едукативни настани во наша организација или во организација на нашите блиски соработници и партнери;
• Меѓународни конференции, обуки, настани, работилници-бесплатни или по повластени цени;
• Известувања за најновите настани и случувања во областа на HRM во земјава и во Европа;
• Можност за директно вклучување во работењето на Здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР;
• Можност за целосно вклучување и креирање проекти од областа на HRM, притоа застапувајќи го Здружението;
• Последно, но и најважно— ширење на мрежата на контакти и вклучување во NET- WORKING-от на здружението на докажани и врвни HR експерти и професионалци од приватниот и од јавниот сектор од земјава и од странство и размена на искуства и практики.
Кој може да биде член на Здружението?
� HR професионалци, експерти и консултанти
� HR директори, раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и од јавниот сектор
� професори, но и студенти и почетници во областа на HRM т. е. сите заинтересирани лица за дејствување во областа на управувањето со човечките ресурси!!!
Како да станете член на Здружението?
� пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство( и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на електронската адреса: contact @ mhra. mk), и
� уплатете го износот за годишната членарина Оние што имаат поднесено Пристапница за членство вршат негова обнова со уплата на годишната членарина за тековната година.
Ве очекуваме...
** За сите детални информации и дополнителни насоки конктактирајте нè н на: contact @ mhra. mk или 078 / 389-277.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 53