My first Magazine Vesnik br.7 | Page 51

HR Актуелности ШТО ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА Автор: Ангел Димитров Претседател Организацијата на работодавачи на Македонија КАКО ПОНАТАМУ Факт е дека последните измени на Законот за минимална плата донесоа значително зголемување на истата. Така, ако законот од 2012 год. висината на минималната плата ја утврдуваше на 39,6% од просечната нето плата остварена во минатата година, таа денес изнесува околу 53% од просечната нето плата во минатата година.Ова зголемување кај одделите 13, 14 и 15 е уште поголемо. Сега кај нив минималната плата изнесува над 80% од просечната плата во овие оддели. Компаниите се свесни дека покачувањето на платите само на работниците кои земале плата пониска од 12.000 денари, без да се покачат и повисоките плати ќе доведе до „урамниловка― и пад на мотивираноста на работниците што од своја страна ќе предизвика пад на производството и услугите. Ваквото зголемување на вкупните плати ќе предизвика поголеми финансиски потешкотии особено во трудоинтензивните дејности. Ако сакаме да спречиме затварање на некои производни погони и напуштање на работниците, Владата треба сериозно да размисли за воведување на систем на линеарно плаќање на придонесите за платите од 12.000 денари до 18.000 или 20.000 денари. Во тој случај придонесите би останале фиксни -5.130 денари за сите овие вработени кои земаат плата од 12.000 до 20.000 денари и на тој начин би се обезбедиле доволно средства за пораст на вкупните плати, што беше идеја и на самата Влада. Ова особено затоа што планираната финансиска помош, а со тоа и обезбедените финансиски средства со ребалансот на буџетот нема да можат да се искористат, а тие беа издвоени со цел да се спречат негативни ефекти од измените на законот. Подготвено од: Ангел Димитров Претседател О РГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ НА М АКЕДОНИЈА ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 51