My first Magazine Vesnik br.7 | страница 4

МАЧР денес и утре Реализирани активности на МАЧР 9. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “The best HR Solutions for Facing Challenges in the Fast Growing Industries” Одржана на 31 мај—1 јуни 2017, хотел “Александар Палас” Оваа 2017 година, изборот за главна тема на која се зборуваше за време на деветтата конференција за човечки ресурси, беше ―Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во брзорастечките индустрии‖. Настанот традиционално се одржа во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, а оваа година во партнерство со Вработување.ком. “Растечките бизниси имаат тенденција да го менуваат начинот на работа. Различни проблеми и можности бараат креативни и иновативни решенија. Она што функционирало добро пред една година, сега можеби веќе не е најдобриот пристап. Препознавањето и надминувањето на предизвиците поврзани со растот се од суштинско значење за бизнисот да продолжи да расте и да просперира”, вели Христина Лозаноска, претседател на Македонската асоцијација на човечки ресурси. Рок Жупанчич, директор за човечки ресурси во Телеком Словеније, зборуваше на темата ―Како ефективното лидерство и системот за управување со перформанси влијаат врз задржување на талентите во компанијата‖. Тој ги пренесе искуствата и практиките кои се применуваат во Телеком Словеније за задржување и привлекување на талентирани вработени во време на промени. “На крајот на 2015 прифативме нова бизнис стратегија и решивме да влеземе во нов бизнис со електрика. Ако решите да ја менувате стратегијата, ви требаат нови компетенции во компанијата и нова бизнис култура. При промена на бизнис културата, две работи се многу важни – ефективно лидерство и систем за управување со перформансите. Развивањето лидери е клучна стратешка алатка за подобрување на продажбата и другите бизнис цели. Но, само добро лидерство не е доволно. Потребен е ефективен систем за управување со перформансите. На крајот на денот, главна цел на секоја компанија треба да биде задоволни работници”, сподели Жупанчич. За “Дигитален HR и неговата моќ за трансформација на успехот‖ зборуваше Зејнеп Мине Алптекин, консултант од Турција, која има 17 годишно искуство во областа на човечки ресурси. Алптекин вели дека кога сè се менува во оваа дигитална ера, треба да се трансформираат и човечките ресурси. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 4