МАЧР денес и утре
РАБОТИЛНИЦА ЗА СТРАТЕГИСКА ОРИЕНТАЦИЈА НА МАЧР ВО ТЕКОТ НА 2017 / 2018 ГОД.
Реализирани активности на МАЧР
Скопје, 25 февруари 2017 година
На годишната средба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР, наменета за стратегиска ориентација на работењето на МАЧР, односно на стратегиската работилница, оваа година повторно беа ревидирани поставените стратегиски цели, и беа разгледани сите тековни активности кои водат кон нивно исполнување.
Со големо задоволство, се забележа дека обемот на работа е во постојан пораст како резултат на кредибилното работење и интересот на членовите да бидат дел од активностите и присутни на настаните кои ги организира МАЧР. Во рамките на оваа работилница, најголемо внимание беше оддвоено за дискусија во однос на одржувањето на годишната традиционална конференција за човечки ресурси која МАЧР оваа година ја организира по 9ти пат. За истата беше одлучено да се организира во партнерство со Вработување. ком, заради подобра организираност и поддршка во реализиацијата.
На работилницата беше утврден редоследот и обемот на активностите за тековната 2017 година!
Покрај оваа годишна средба со предодредена цел, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР, редовно одржуваат состаноци заради дисусија на редовните тековни и ад-хок активности кои произлегуваат од секојденевното работење и предложени иницијативи од страна на поширокото членство на МАЧР.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 20