My first Magazine S-Work Magazine By Star-Star Skopje Macedonia | Page 2

3-ти март – Меѓународен ден на правата на сексуалните работници

Сексуалните работници од целиот свет го одбележуваат 3-ти март – Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници. Идејата за одбележување на овој ден датира уште од 2001 година, кога повеќе од 25000 сексуални работници се собрале на фестивал во Индија. Како организатор на целиот настан стои комитетот на сексуални работници Durbar Mahila Samanwaya со седиште во Калкута, чие членство брои повеќе од 50000 сексуални работници. Оттогаш, секоја година се слави 3-ти март од страна на сексуалните работници, нивните поддржувачи и активисти од целиот свет.
Сексуалните работници припаѓаат на социјално маргинализираните групи, соочувајќи се со стигма и дискриминација од страна на општеството, полицијата и институциите. Во Р. Македонија, сексуалните работници живеат и работат во небезбедни услови и се во постојан страв од малтретирање, насилство и злоупотреба. Стравот се јавува поради постоењето на законски мерки кои се нејасно формулирани и кои ги ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници да живеат и работат како луѓе еднакви со сите други во општеството.
Поради непостоење на организирано делување за поддршка, промовирање и унапредување на основните човекови права на сексуалните работници, страдањето и тортурата се рефлектираат и врз нивните семејства, пријателите, нивните деца, како и врз нивните брачни партнери.
3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, треба да биде мотив за размислување за сите нас. Светот е во стремеж за исполнување на Милениумските развојни цели, ветувајќи промовирање родова еднаквост и зајакнување на човекови права за сите, како ефективни начини за борба против сиромаштија, глад и болести. Сите цели меѓусебно се
2