Како Џон Варватос го замислува елегантниот маж
Познатиот дизајнер Џон Варватос неколку сезони ја истражуваше идејата за елеганцијата. Како вели, неговите клиенти сакаат да се дотераат.
Презентирањето на машката колекција за актуелната сезона, започна со црно одело, кое истовремено содржи и елементи на класичен рокер и регенство. Освен одела, во колекцијата се застапени и јакни кои се малку подолги од вообичаено, со нитни во пределот на половината. Палатата се со едноредно и дворедно закопчување и струкирана линија, но не екстремно.
Исто така, поголемиот дел од панталоните се со должина до глужд, еден од актуелните трендови.
Од боите доминираат црната, нијанси на сива и тегет, а има парчиња во црвена и бела боја. Елечињата се исто така едно од парчињата што Варватос ги предлага за овој период.