8
1.Игрите на гладните од Сузан Колинс – Доколку сте љубител на добрите трилери, но веќе сте заситени од препознатливите приказни кои се нудат во последно време – ви ја препорачуваме оваа книга која дефинитивно ќе ги помести вашите критериуми за добар трилер. Оваа книга треба да биде првото нешто што ќе го ставите во вашата патна торба.
2.Девојката што го урна осилото од Стил Ларсон – Сите оние кои се заразија со фантастичната трилогија „Милениум“, не смеат ни да помислат да заминат на одмор без маестралниот завршеток на истата. Вистинско напнато уживање!
3. Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ – Приказна за љубовта која успева да ги надрасне животот и судбината. Доколку сакате вашиот одмор да го поминете во романтично расположение, побарајте ја оваа книга!
4.Ако го дочекам утрото од Сидни Шелдон – Самото име на авторот е синоним за класиката кај трилерите. Доколку сакате да се навратите на она што беа трилерите пред неколку години, тогаш ви ја препорачуваме оваа книга. Трејси Витни е најинтригантниот лик на Сидни Шелдон досега…