Krste Petkov Misirkov 1 | Page 5

Кратка биографија

Едно од најистакнатите имиња во поновата историја на македонската култура несомнено дека е името на Крсте Петков Мисирков,чија работа беше вреден придонес кон европската култура и, исто така, кон европската наука.

Но, благодарение на перверзната среќа на македонскиот народ вредноста на најважното дело на новата историја на македонската култура, Мисирковото дело „За Македонцките работи“, објавено во 1903 година, не беше правилно вреднувана се до 20 години по неговата смрт. За време на неговиот живот,оваа работа се сметаше како најголема закана за реализација на плановите на оние кои сакаа Македонија да биде потчинета. Поради оваа причина, тој беше принуден да го помине својот живот во егзил, како што кажуваа во неговите „Спомени и импресии“, „ скитник во други земји, од каде се обидував да и бидам од корист на мојата угнетена земја“. Умрел во сиромаштија во Софија на 26 јули 1926 година.