Krste Petkov Misirkov 1 | Page 2

Нашиот клуб

Во нашето училиште оваа учебна година се формира клуб по англиски јазик.Во моментот во него членуваат 10 членови под менторство на професорката по англиски јазик, Весна Миновска. Во почетокот на оваа учебна година како членови на клубот одлучивме да направиме поголем проект, т.е училишно списание на англиски и македонски јазик насловено како GLOBE (свет) кое ќе излегува еднаш месечно а во истото ќе бидат застапени разни содржини: презентации за Нова Година и Божиќните празници, проекти за денот на вљубените,Велгиденските празници,активности во училиштето,спорт,филм,музика итн. Главниот акцент ќе им се даде на англиската култура и традиција.Списанието е отворено за соработка со сите останати предмети и секој кој ќе пројави интерес да учествува во истото.

Претседател на клубот: Марија Неделковска II1

Уредник на списанието: Викторија Трајчевска II1