Статии
За време на неговиот живот, Мисирков има објавено повеќе статии за различни весници и списанија. Статиите се однесуваат на Македонија, македонската култура,етнологија,политиката и нација од една страна и на бугарскиот народ,политиката и етнографијата од друга страна.Мисирков ги објавил неговите статии на македонски,руски и бугарски јазик и истите ги објавувал во Русија или во Бугарија. Повеќето од статиите беа потпишани со неговото родено име, но постојат статиите кои се потпишани со псевдонимот К.Пелски.