Globe Magazine 3 3 | Page 27

РАКОМЕТ

Ракометот е тимски спорт во кој два тима од по седум играчи(шест играчи надвор од полето и голман на секој тим) ја носат топката со цел да ја шутнат во голот на другиот тим. Стандардниот натпревар се состои од две полувремиња од 30 минути, и тимот кој постигнува повеќе голови победува.

Модерениот ракомет се игра на терен од 40 на 20 метри, со гол во центарот на секој крај. Головите се опкружени со зона од 6 метри, каде што е дозволено да се движи само голманот од/на одбраната; головите мора да бидат постигнати со фрлање на топката надвор од оваа зона.

Денешната ракометна тимска игра беше кодифицирана на крајот од 19от век во северна Европа-најпрво во Данска, Германија, Норвешка и Шведска.

Меѓународната ракометна федерација организираше Светското првенство за мажи во 1938 година и на секои 4 (понекогаш 3) години од Втората светска војна до 1995 година. Од светското првенство во Исланд во 1995 година, натпреварувањето е на секои две години. Светското првенство за жени се игра од 1957 година. До јули 2009 година, IHF наведи 166 фердерации кои членуваат- околу 795.000 тимови и 19 милиони играчи.

Правила

Две екипи од по седум играчи (шест играчи во поле плус еден голман) се на терен и се обидуваат да освојат поени со ставање на топката во голот на противникот. Со водење на топката играчите се предмет на следниве ограничувања:

-По примање на топката играчите може да се движат, да ја задржат контролата над топката или да ја шутираат топката.

-Ако ја примат топката, играчите мора да дриблаат или можат да направат три чекори без дриблање за три секунди

-Играчите кои се во одбрана или во напад освен голманот несмеат да се движат во голманската област(внатре во шесте метри на голот). Шутот или додавањето во голманската област е важечко ако е завршено пред да се допри подот. Голманите можат да се движат надвор од голманската област, но не им е дозволено да ја поминат голманската област со топка во нивните раце.

-Топката неможе назад да ја прими голманот ако играчите се позиционирани на голманската област

Можност за значајни постигнувања можат да се случат кога напаѓачкиот играч скока во голманската област.На пример играчот кој е во напад подигнувајќи се внатре во голманската област може да ја прими топката и потоа да шутира или да ја додаде пред да го допри подот од голманската област.

Топка

Топката е сферична и мора да биде направена или од кожа или од синтетички материјал. Не е дозволено да има сјајна или лизгава површина.Топката е наменета за управување со една рака и нејзината големина се менува во зависност од возраста и полот на тимовите кои учествуваат.

големина класа обем (см) Маса(г)

III Мажи и жени над 16г 58-60 425–475

II Девојки, машки над 12г

и женски над 14г 54–56 325–375

I Над 8г 50-52 290–330

Иако ова не е официјално регулирано, топката обично е засмолена. Смолата ја подобрува способноста на играчите да манипулираат со топката со една рака во вртечките трикови на шутот.