Што значи и колку е навистина добра детоксикацијата во овој период од годината?
Пост празничниот период е познат по неколкуте “закачени” килограми ,за кои најчесто ние,жените постојано се жалиме.
Посегањето по брза храна,кифли,руски салати и благо е неминовно,но потоа следат оние добро познати детоксикациски диети кои најчесто водат кон намален имунитет,лоша крвна слика,па дури и некои посериозни болести,како што е анемијата.
Дали детоксикацијата е навистина она што ни е потребно за да се ослободиме од вишокот килограми и дали таа ни помага или одмага,во продолжение.
Што претставува детоксикацијата?
-Детоксикацијата е всушност најризичната диета која се заснова на примање исклучиво течности и огромен калориски и нутритивен дефицит.Таа е еднодневен,или повеќедневен режим на исхрана кој во екстремни случаи не лиши од сите можни нутриенти ,освен водата,се разбира.Во останатите варијации од оваа диета,на менито се јавува само овошјето,или пак овошните шејкови,познати како смудис,кај нас.
Иако овие шејкови претставуваат мултифункционални хранливи оброци ,доколку се конзумираат како основна и единствена храна,се мошне штетни за нашиот организам.
Се препорачуваат за појадок,но со нормална и правилно избалансирана исхрана.
Зошто нутриционистите го одбегнуваат овој режим на исхрана?
-Пред се,нутриционизмот,како наука за храната со сите нејзини макро и микро нутриенти,се фокусира не само кон пропагирање на храната како неопходен елемен за опстанок на луѓето,туку и како уметност.Како таква,на исхраната се гледа на една разноврсна игра од хранливи состојќи со чија помош го одржуваме нашето здравје.Само со избалансирана,здрава исхрана можеме да го доведеме нашето тело до совршенство,како и нашето здравје,пред се.
Додека од друга страна,детоксикацијата се заснова на конзумација на само еден вид на нутриенти,што може да предизвика дефицит на други и ја руши рамнотежата на материите во нашето тело.Се е во умереноста.
Што може да се случи како последица на детоксикацијата?
-Омалаксаноста,лошата крвна слика и намалениот имунитет се само чекор кон анемијата,или уште полошо анорексијата.
Доколку се претера со гладувањето,во ризик го ставате не само вашето здравје како сегмент,туку и вашиот живот.Сето тоа води кон основните симптоми на анорексијата меѓу кои се:опаѓање на косата,недостаток на витамин Е,бледило,низа хормонални пореметувања,оскудни менструации итн што пак не водат кон работ на пропаста.Иако кај нас анорексијата е вид табу тема и е непосредно поврзана со жените,таа во последните неколку години е видно изразена и кај мажите,говорат статистиките на Детската клиника во Скопје,која пред се се занимава со ваквите нарушувања во исхраната.Булимијата е исто така нарушување во исхраната при што внесената храна,најчесто во прекумерни количини намерно се исфрла со намерно предизвикано повраќање.
Како ефикасно и здраво да се решиме од вишокот килограми?
-Како што напоменав и претходно,суштината е во умереноста.Рамнотежата е клучна за се во животот,па така е и со исхраната.Најпрепорачливо е да се внимава на празниците,и да не се претерува но кога веќе тоа се случува мора и да се превенира на здрав,правилен начин.
Моја препорака како за овој период,така и за навек,е здравата исхрана,пред се вегетаријанската како долготрајна опција,и вусшност,начин на живот,а не краткотрајна диета.
„Појадувај сам,ручај со пријателот а вечерај со непријателот“ е најчесто користена поговорка кога зборуваме за слабеење.
Доколку за појадок одберете здрава варијанта,на пример житарки со растително млеко или јогурт,овошје и чај за ужинка или темно чоколадо,за ручек целозрнест леб искомбиниран со многу свеж зеленчук,или т.н нормален ручек,лишен од животински продукти ,како и лесна вечера богата со свежо овошје и зеленчук сигурно сте на пат кон поздрав живот,кој ветува долговечност и здрава телесна тежина.