Globe Magazine 3 3 | Page 17

Алергии во пролет

Пролетта е годишно време на кое нормално помислуваме кога се работи за сезонски алергии. Како што дрвјата почнуваат да цутат и поленот се разлетува во воздухот, страдалниците од алергии ја започнуваат нивната годишна рутина на шмркање и кивање.

Пролетта е во воздухот, а исто така и билиони ситен полен што предизвикува алергиски симптоми кај милиони луѓе. Оваа состојба се нарекува сезонски алергиски ринитис, често позната и како поленска треска. Поленската треска може да влијае на вашиот квалитет на живот. Може да доведи до синусни инфекции, може да го наруши вашиот сон и да влијае врз вашата способност да учите на училиште или да бидете продуктивни на работа.

Симптомите вклучуваат: чешање во носот, устата, грлото, очите, кивање, затнат нос (конгестија), растечен нос, насолзени очи , темни кругови околу очите.

Во зависност од тоа каде живеете, постојат главно три поленски сезони. Почетокот и крајот на овие сезони, исто како и специфичните растенија , се разликуваат врз основа на климата.

• Дрвјата генерално се опрашуваат во пролет. Брезата , кедарот, памукот и боровите се големи предизвикувачи на алергија.

• Тревата го ослободува својот полен во лето. Видовите треви како Тимотеј и Џонсон , и Рај , се примери на алергени во оваа категорија.

• Плевелите предизвикуваат висока температура во есен. Амброзијата е најголемиот сторителот , затоа што може да порасне во речиси секоја средина.

Избегнувањето на вашите предизвикувачи на алергија е најдобар начин да се намалат симптомите :

• Ограничете ги активностите надвор во текот на деновите со високо количество на полен.

• Чувајте ги прозорците затворени ( дома или во автомобилот) за да го задржите поленот надвор.

• Истушурајте се одкако ќе се вратите внатре. Инаку поленот во вашата коса може да ви пречи цела ноќ.

Лечете ги алергиите рано

Сезоната на полен во пролет почнува многу порано одколку што многумина мислат.

Ова значи дека ако земате лекови за да ги контролирате вашите сезонски алергии, време да започнете со нив е средината до крајот на февруари, а не доцен март.

Алергиите создаваат инфламаторен одговор дека се како оган кој тлее. Ако можете да го задржите да тлее одколку да гори, ке ви биде многу подобро.

Алергиите имаат силна генетска компонента – ако вашите родители имале алергии, далеку поверојатно е и вие да ги имате. Повеќето алергии се развиваат во детството, но кај некои луѓе, тие се развиваат подоцна по изложувањето на факторите на околината кои го “ свртуваат прекинувачот “ . На пример , знаеме дека изложеноста на дизел честички може да предизвика алергии. Крајниот резултат е барање одговор во бегство во имуниот систем.

Грижете се за себе – уживајте во боите на пролетта и пијте ги своите лекови.