Меѓународниот ден на жените е празнуван со цел да се фокусира на постигнувањата, придонесите, правата и еднаквоста на жената во општеството.
Прославата на мајчинството датира од античките Грци. Реа, мајката на сите грчки божици била почестувана еднаш годишно, на пролетната гозба.
Во античкиот Рим се одржувал груб пролетен фестивал во чест на Римската мајка божица, Сајбел.
Меѓународниот ден на жената бил забележан уште од раните 1900-ти години, во време на голема експанзија и турбуленции во индустријализираниот свет во кој имало голем пораст на населението.
Дали знаевте дека првата официјална прослава на мајките во САД била одржана во 1858 година? Кампањата на Ана Ривс Џарвис од Западна Вирџинија била за работниот ден на мајките. Таа барала да се подигне свеста за локалните санитарни прашања. Кога Џарвис починала во 1905, нејзината ќерка Ана го извела националниот ден на мајките во чест на нејзината мајка активист. Напорите на Ана се исплатиле кога во 1914г. Денот на мајките бил признат како национален празник со претседателското прогласување.
Организациите го користат овој ден за едукација и за да ја поттикнат свеста за страдањата на жените низ целиот свет; било тоа да се економски, човекови права или прашања од политичка природа.
Она што започнало како Социјалистичка партиска иницијатива, сега е признат празник поддржан од Обединетите Нации.
Социјалистичката партија на Америка во 1909г. го назначила 28 февруари како Национален ден на жената. Бил празнуван на тој датум се до 1913г. кога празникот се поместил на 8 март, и се слави до ден денес на глобално ниво.
„Жената е придружник на мажот, и е надарена со еднаков ментален капацитет.“
--Дали знаевте дека маќеите во Америка имаат свој посебен празник на 1 мај? Се разбира, можете да им укажете чест на маќеите и на Денот на мајките.
--Дали знаевте дека секој септември Американците им оддаваат чест на мајките кои имале загинато синови или ќерки за време на првата светска војна? Познат како Златна Ѕвезда за денот на мајката, празникот бил основан со Претседателската прокламација во 1936г. во последната недела во септември. Златната Ѕвезда за мајките е име на група за поддршка основана од Грејс Дарлинг Сиболд, чиј син бил убиен во време на борбата против Франција, во првата светска војна.
INTERNATIONAL WOMEN'S DAY