Globe 5 | Page 2

Нашиот клуб

Почитувани ученици и професори, добредојдовте во новата учебна година и во новите изданија на нашиот училишен весник. Членовите на Клубот по англиски јазик и оваа година продолжуваат со издавање на своето списание GLOBE, активност која ја започнавме минатата учебна година.

Новите изданија на училишниот весник ќе ги работиме како и досега, но збогатени со нови и се надеваме интересни содржини за сите Вас, но и во нов состав т.е. со нови членови кои се ученици во прва година, гимназиско образование.

Се надеваме дека нашите содржини и обработени теми ќе Ви се допаднат, а како и секогаш отворени сме за соработка со секој кој ќе пројави интерес и ќе понуди корисни совети и идеи.

За се што Ве интересира или ако сакате да предложите свои идеи, теми и сл. содржини обратете се до одговорната професорка по англиски јазик, Весна Миновска, како и до уредникот на списанието, Викторија Трајчевска, ученичка од 3-1 клас.

Членовите на клубот по англиски јазик ви поскауваат успешна и среќна учебна 2014/15 година.

Во петтото издание од училишниот весник GLOBE ќе имате можност да ги прочитате следните статии: